Светскиот шампион во тешка категорија на три од четирите федерации Ентони Џошуа следните две борби ќе одржи на стадионот Вембли, информира Скај спорт. Тоа ќе бидат спектаклите против Александар Поветкин (одбрана ВБА титулата) и Дионтеј Вајлдер (обединувачки меч за сите четири појаси).
На 22 септември Џошуа ќе се сретне во рингот на Вембли против моќниот Русин, за кого се тврди дека ќе даде осум допинг примероци пред натпреварот, бидејќи порано беше казнуван за употреба на забранети стимуланси.
BREAKING: @anthonyfjoshua's next two fights to be staged at Wembley Stadium on September 22 and April 13. #SSN pic.twitter.com/HyvKn5uyYM
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 5, 2018
На 13 април 2019 година треба да се одржи првиот дуел кој ќе ги обедини сите четири титули против Дионтеј Вајлдер.
Вембли е посебно место за Џошуа кој токму таму на 29 април минатата година го нокаутира Владимир Кличко и стана шампион на две федерации – ИБФ и ВБА.