Славниот боксер Шугар Реј Ленард е пред банкрот и за да се спаси, принуден е да го продаде своето царство, вилата во Калифорнија, проценета на 46 милиони евра.
Таа се простира на 1.551 квадрат, изградена е пред 22 години во италијански стил со архитектура од средниот век и има седум спални соби. Располага и со базени, тениски терени, фитнес сала и солариум, како и прекрасен двор.