Славен К-1 борец го претрпе вториот срцев удар по џиу џицу тренингот

Славаниот К-1 борец Сем Греко го претрпе вториот срцев удар и заврши во болница во Мелбурн.

52-годишниот Австралиец по џиу џицу тренингот почувувал болки во градите.

„Мислам дека сите сме ја слушнале изреката „Сега се во Божји раце“. Ќе ви кажам нешто: Вистина е“”.

„Синоќа по џиу џицу тренингот со момците од Ренегејд ММА и почнав да чувствувам тежина и силни болки во градите. Се обидов да седам, да легнам и да стојам, но болката не се повлекуваше, туку се заслуваше. Пред да се снајдам дојде возилото на брзата помош и почнаа да се грижат за мене. Наскоро дознав дека сум имал уште еден срцев удар сличен на оној што го имав во мај 2018 година“.

„Брзо ме пренесоа во болница и направија операција, за да ја отворат запушената артерија која предизвикуваше силни болки. Бидејќи веќе претрепев еден минатата година, до некаде сум благодарен што можевт да ги препознаам знаците на срцев удар и се однесував соодветно со тоа и да ја намалам можноста за смрт. 24 часа подоцна добро се опоравувам и му благодарам на Бога, во добри раце сум“.

Греко во К-1 дојде во 1994 година од кјокушин карате. Се бореше со Мирко Филиповиќ и Бранко Цикатиќ. Од Кро Кап изгуби со прекин во втората рунда во полуфиналето на К-1 Гранд при 1999 година, додека Цикатиќ го накуатира во 1997 година.

Ги победуваше и Масааки Сатаке, Стан Лонгинидис, Ернесто Хуст, Мајк Бернард, Стефан Леко и Реј Сефо.

Одработи и 5 ММА борби (3-1-1). Во 2004 е поразен со поделена одлука од Лиото Мачида, а една година подоцна забележа победа против Хит Херинг, по што Американецот се повреди.

https://www.youtube.com/watch?v=OZRmzrIqQbw
https://www.youtube.com/watch?v=lT_ajYCiMCs
https://www.facebook.com/samgrecoofficialpage/posts/2120968311534313:0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON