Конечно, од Белатор одлучија да го пуштат во продажба популарниот џемпер на легендата Федор Емилијаненко.
Денес, организацијата објави дека го пуштаат во продажба „Славниот џемпер за апсолутна победа“. Секој може да се приклучи на наддавањето, а крајниот рок е 19 октомври.
Минатата година Скот Кокер изјави дека џемперот ќе биде пуштен во продажба, а парите од него ќе бидат дадени во добротворни цели. 20 месеци подоцна тоа е факт и во моментот наддавање продолжува, а последната понуда е 760 долари.
https://www.ebay.com/itm/362453921186
Емилијаненко (37-5 MMA, 1-1 BMMA) се враќа во сабота за да се сретне со Чаел Сонен (30-15-1 MMA, 2-1 BMMA) во полуфиналето од турнирот во тешка категорија на Белатор.