Познатиот кик боксер Денис Алексио е осуден на 15 години затвор.
58-годишниот Американец е осуден на два судски процеси по 28 точки од обвинението за даночна измама, кражба и перење пари.
Алексио ги измами даночните власти (УЈП) за 700.000 долари за незаконски добиените поврати на данок.
Тој е осуден и за употреба на фиктивни финансиски инструменти за да ја преземе сопственоста од неколку лица. Со Измама и кражба дошол во посед на 185.000 долари на сребрени монети и златни шипки. Судските документи покажуваат и дека ограбил 16.000 долари од менувачница во Бостон.
Освен што се стекна слава во кик боксот, Алексио го глумеше и братот на Жан-Клод Ван Дам во оригиналниот „Кикбоксер“.
Во 1992 година во Лас Вегас се бореше со Бранко Цикатиќ, а борбата заврши нерешно со техничка одлука.
.