Гого Славески дебитираше со нокаут-победа во БКФЦ – бокс со голи раце, без ракавици, во Лудердејл. Славески со прекин во првата рунда го победи Рамал Аманов од Русија.
Гого е првиот Македонец што се борел со голи раце.
„Дебитентскиот настап беше феноменален. Најбитно ми е што излегов неоштетен, неповреден, тоа е секогаш во прв план, а победата дојде сама по себе“, вели Гого Славески за првиот настап во БКФЦ, а за брзиот нокаут истакнува:
„Не барав нокаут, сакав да поставам брзо темпо уште од самиот старт“.
Рамал Аманов е со богато минато зад себе, така што победата на нашиот борец добива на тежина.
„Противникот има доста успеси во аматеракиот бокс, светски првенства и многу борби. Има и ВБА титула како про-боксер со скор16-5. Не го потценив во ниту еден момент, но ова е сосема друг спорт и воопшто не ми значеше неговиот постигнат успех“, вели Славески.
За тоа колку е поразлично ова натпреварување од класичниот бокс, Гого има поинаков став.
„Адреналинот е многу поголем отколку во професионалниот бокс со ракавици. Фокусот е поголем затоа што секој удар може да биде фатален“, истакнува Славески.
Тој најавува наскоро и нова борба.
„Се надевам ќе имам уште еден меч во блиско време“.
Да потсетиме дека пред борбата рече оти не се откажува од професионалниот бокс:
„Се додека не се пружи добра шанса ќе бидам во БКФЦ , а и идејата и целта е да се земе светска титула и во овој спорт“.
Борбата на Славеси е втора по ред: