Сопственикот на ФК Беласица од Струмица, Славчо Васков-Пинда, најави дека покрај фудбалот не го заборавил својот прв спортски избор – кикбоксот.
Васков вели дека Беласица е стабилизирана како клуб, а на објектите во и околу стадионот се облагородени и се пријатно место за поминување на слободното време.
„Наскоро, повторно ќе организирам големи и спектакуларни професионални кик бокс турнири во Струмица, кои ќе ги надминат рамките на Македонија. Ќе се подготувам за да ја постигнам поскауваната форма“, истакна Васков.
ipon.mk/В.Д.