Скот Кокер е подготвен да му даде нова шанса во Белатор на поранешниот шампион во средна категорија Александар Шлеменко. 37-годишниот ветеран е еден од најдобрите ММА борци во Русија. На крајот на 2018 година, Александар го напушти Белатор откако загуби од Токов.
Се врати во Русија и се бореше за помали организации. Шлеменко последен пат се бореше пред неколку дена и го совлада Хусеинов во организација на Хабиб Нурмагомедов. „Бура“ има рекорд од 61-13-1 во ММА и е во серија од три последователни победи. Тој победи на 5 од неговите последни 6 ММА борби.
„Сега Александар Шлеменко нема договор со нас. Планираме да работиме на ова и може да се случи во иднина.
Во моментов, Шлеменко има договор за уште една борба во ММА организацијата на Хабиб Нурмагомедов“, изјави Кокер за медиумите во Русија.