Скот Кокер е задоволен од престувањето на неговиот пријател Федор Емелијаненко, кој последен пат настапи во Јапонија. Легендата ги израдува своите фанови со последната победа во земјата на изгрејсонцето. Последниот император го нокаутира Квинтон Џексон во првата рунда од нивната битка, со што победи во три од неговите последни четири борби под знамето на Белатор.
Кокер е навистина задоволен од својот пријател и изјави дека го видел најдоброто од него во Јапонија. Емилијаненко планира да го задржи договорот што го имаат со Скот и да се бори уште два пати за нив. По битката на Федор, Кокер разговараше со медиумите и изјави дека Федор уште еднаш се покажа како најголем во историјата во тешка категорија:
„Драго ми е за мојот пријател Федор Емјелиненко кој го затвори ова поглавје од неговата славна кариера. Тој е најголем во историјата. Федор го докажа тоа повторно оваа ноќ.
Мислам дека ова е најдоброто што сум го видел од него во последната година ипол. Зборувајте што сакате, но тој е со скор 3-1 во последните борби кај нас во Белатор. Фјодор се спарви многу добро“.