Скандал: Уште еден џудист одби да се бори против Израелец

Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио не можеа да минат и без скандали. Уште еден борец не сакаше да се бори против Тохар Бутбул од Израел, а овој пат станува збор за спортистот од Судан, Мохамед Абдалрасол.

Неодамна алжирскиот натпреварувач во џудо, Фети Нурин, исто така одби да се бори против ривалот од Израел во знак на протест поради израелските напади врз Палестина.

Борецот од Судан денеска не се појави во закажаното време за мечот против Бутбул во категоријата до 73 килограми.

Меѓутонародната џудо федерација официјално не ги соопшти причините поради кои Абдалрасол реши да не се бори со Битбул, а засега не реагира ниту џудо сојузот од Судан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО