Европскaта џудо унија се закани дека ќе го поништи шампионатот на Стариот континент, ако најмоќната ММА компанија на планетата продолжи да се меша и да има нешто заедничко со настанот.
Двата спорта со години имаат заострени односи. Причината е во тоа што голем дел од топ џудистите избираат да се борат во доста подобро платената ММА.
Европското првенство треба да се одржи од 9 до 12 април во Глазгов. Порано потпишаниот договор на УФЦ со локалните организатори беше за да се користи добро развиениот маркетинг и социјална мрежа од контакти на ММА синџирот. Шкотски натпреварувачи од Мешаните боречки вештини одржаа дури и заедничка прес-конференција со џудисти , а целта беше да се дигне поголема врева околу олимпискиот спорт.
По скандалот, од УФЦ најавија дека ќе ја повлечат својата поддршка за првенството.
http://youtu.be/lap3IZPdF5U