СКАНДАЛ: Италијанка – ММА борец, препродавала кокаин и заработила суспенизија до 2044 година

Мара Ромеро Борела, италијанската ММА натпреварувачка, е суспендирана поради продажба на кокаин.

Борела (26 г.) во 2014 година од страна на Италијанската антидопинг агенција беше суспендирана на 15 години, но вложи жалба и одработи уште неколку борби. А,жалбата не само што не беше прифатена, туку казната е зголемена и Италијанката нема да може да се натпреварува дури до 2044 година.

Суспензијата е поради препродажба, но и користење на недозволени супстанци. Ромеро Борела учествувала во продажба на кокаин заедно со своето момче Филипо Масерати, италијански рагбист. Сега и на двајцата им се заканува и кривична казна, освен онаа спортската, откако случајот е предаден на италијанската полиција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON