УФЦ во сабота го одржи првиотонастан во Русија, во Москва.
39-годишниот Белорусин Андреј Арловски (27-16, 16-10 УФЦ) се бори со домашниот претставник Шамил Абдурахимов (18-4, 3-2 УФЦ).
Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија беше гостин на руската телевизија.
Гостувањето за заврши со скандал. На почетокот на разговорот е пуштена снимка од неговиот пораз со нокаут од Алистер Оверем во 2016 година, а не некои од неговите значајни победи.
Навредениот борец набрзо го напуштил студиото.
„Одиме во живо, нели? Во ред, ќе го прекинеме ова интервју. Вие продолжете само за руските борци. Ви благодарам и збогум“, рече Арловски.
Пред победите против Жуниор Албини и Стефан Струве, Питбул беше во серија од пет порази. Во последната битка во јуни тесно беше поразен со судиска одлука од Таи Туиваса.
Арловски уживаше голема популарност во текот на неговата кариера.
Во 2005 година со брз сабмишн против Тим Силви ја освои привремената титула на УФЦ во тешка категорија. Стана неоспорен шампион и двапати ја бранеше титулата пред да изгуби во реваншот со Силви.
Во текот на неговата кариера ги победи Фабрицио Вердум, Бен Ротвел, Рој Нелсон, Владимир Матјушенко, Френк Мир, Брендан Шауа, Бигфут и Тревис Браун.
https://youtu.be/9QM-EYdAZ4M
https://youtu.be/n76pc648oLc
.