Скај спортс го откачи преносот на реваншот Кличко-Фјури за меч на Ентони Џошуа

Entoni Dzosua pesnica

Спортскиот ТВ канал Скај спортс се откажа од емитувањето на реваншот меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури и наместо него ќе го воодушевува гледачите со следниот меч на Ентони Џошуа. Ова го објави Еди Хернија, промотор на новопечениот светски шампион во супер тешка категорија на ИБФ.

„Џошуа ќе се врати ако е подготвен, не подоцна од јули. Зацртаниот датум е 9 јули. Ќе се избере некој од топ 15 на рејтингот на ИБФ, иако многу од момците веќе се зафатени. Таков е нашиот план. Затоа Скај спортс се откажа од емитувањето на Фјури – Кличко. Тие гледаат иднина во Џошуа. размислуваме како можна опција за мечот да биде стадионот „Вембли““”, вели Еди Хернија.

Од штабот на Владимир Кличко изјавија дека реванш на 9 јули ќе биде емитуван во Велика Британија од BoxNation TV и Sky Sports Box Office.

https://youtu.be/1190olOPQ-w

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON