Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата откако ја напушти најголемата светска ММА промоција.
Камерунскиот удирач се надеваше дека многу брзо ќе добие понуда за боксерски меч против Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер, но засега ништо од тие мечеви.
По неуспешните разговори со Усик Фјури се поврзува со можна борба против Енди Руиз, додека Вајлдер се споменува во потенцијалниот меч против Ентони Џошуа.
Нгану доби многу јасна порака, па можеби е добро да најде ММА промоција каде што би можел да ја продолжи кариерата.
Камерунецот еднаш изјави дека има понуди од ПФЛ и ОНЕ шампионатот, како и од некои други организации.
Чатри Ситjодтонг, претседател на ОНЕ Шампионатот, во разговор со Чаел Сонен изјави дека неговата организација сака да го донесе поранешниот шампион на УФЦ.
„Френсис носи возбуда со својата моќ со која може да нокаутира секого. Верувам дека наскоро ќе пристигнат големи вести за него, без разлика дали се работи за ММА или бокс“, изјави Чатри Ситjодтонг, а потоа додаде:
„Френсис е добра личност и јас го сакам, но не знам каде ќе ја продолжи кариерата. Можам само да потврдам дека и сме во преговори со него. Доби многу понуди, но се уште сме во игра. Нашата понуда не е конечна, сè уште ја доработувам и може да се промени“.