Сите го сакаат Мек Грегор, а тој им одговара: На колена и молете ме!

conor mc gregor Twitterf

Конор Мек Грегор ужива во деновите на гордост и слава откако со шокантен нокаут му ја зеде титулата на шампион во перолесна категорија на Хозе Алдо. Додека го чека следниот противник (или претстојниот реванш со поранешниот шампион), се зголемува бројот на борците кои сакаат да бидат дел од Мек Грегор шоуто.

Ирецот е нова „златна кокошка“ на УФЦ, не само пордаи одличните потези во октагонот, туку и поради неговиот пристап на борбите и „валканото зборување“ со кои ја подига гледаноста и базата на фанови од недела до недела. И другите борци се свесни дека борбата со Конор ќе ги доведе во центарот на вниманието, па сега го предизвикуваат борци дури во две категории, бидејќи најави дека по појасот во перо категорија дека сака да гоосвои и оној во лесна, кој е во владение на Рафаел дош Анхош.

Дош Анхош му порача на Мекгрегор да остане во својата категорија или да биде подготвен за пораз, а истата вечер го предизвика и Нејт Дијаз, кој исто така сака борба за појасот.

На одговорот на Мек Грегор не требаше долго да чекаат, на Твитер одговори во свој стил:

„Наредете ги колена со испружени раце, сакам да ме молат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО