Сирил Гане откри колку заработил од борбата против Дерик Луис

Францускиот ММА борец Сирил Гане (10-0) е сопственик на привремениот појас во тешка категорија на УФЦ. Тој ја освои оваа титула на УФЦ 265 во Хјустон, откако го победи Дерик Луис (25-8, 1 НЦ) со прекин во третата рунда.

За непоразениот Французин тоа беше седма победа во најсилната светска ММА организација, што му даде можност да се бори за титулата против актуелниот шампион Френсис Нгану.

Во неодамнешното интервју Гане ја откри заработката од борбата и потврди колку УФЦ -борците се недоволно платени.

Имено, францускиот борец доби 350.000 долари за борбата против Луис, но кога ги исплати сите задолжувања (162.000 долари отидоа на даноци, плати на членовите на тимот …) му останаа 188.000 долари (160.000 евра).

Но, шефот на УФЦ, Дана Вајт, му даде бонус од 50.000 долари за импресивен настап, а, сепак, доби 32.000 долари од спонзорскиот договор, и не мораше да плаќа данок за тоа.

Кога е се ќе се одземе и собере, Сирил Гане за борбата против Дерик Луис заработи 270.000 долари, што мора да се признае и не е импресивна сума со оглед на тоа парите што ги врти најсилната светска ММА организација.

Затоа не е изненадувачки што некои луѓе јавно го истакнуваат своето незадоволство од висината на хонорарите што промоцијата ги распределува на своите борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON