Од Џон Џонс се уште се очекува да дебитира во тешка категорија на УФЦ, а Сирил Гане е еден од борците што со нетрпение го очекува тоа.
Откако минатиот август го ослободи шампионското место во полутешка категорија Џонс започна да се подготвува за дебито во тешка категорија. Сепак, преговорите со УФЦ не беа многу успешни, не можеа да се договорат за хонорарот.
Кога точно ќе ги изгладат односите сè уште не е познато, но Гане смета дека ќе биде страшно кога тоа ќе се случи.
„Не знам кога ќе се случи дебито на Џон Џонс. Но, секој знае дека е најдобар во полутешка категорија. И нема две мислења за тоа. Не знам дали бил во тешка категорија досега во кариерата … Но, има голема интелигенција за борба, неговата фигура е многу добра, мислам дека може да направи големи работи во тешка категорија.
Тој е висок и сега потежок. Ова е нешто ново за него, но тој ги подобрува своите вештини. Утре, ако се борам со Џон Џонс, тоа ќе биде многу техничка битка“.