Сирил Гане: Многу сум лут! (ВИДЕО)

Сирил Ганe призна дека е лут поради тоа како се одвивала неговата борба против Џон Џонс во Лас Вегас на УФЦ 285.

„Многу сум лут! Се лутам на себе затоа што вежбавме. Имав доволно време да се подготвам, иако неодамна бев информиран за борбата“, изјави Французинот за време на прес-конференцијата по борбата, пренесен од ММА Џанки.

Гане се предаде на гилотината на Боунс во почетните минути од првата рунда. Тој едвај успеа да зададе неколку удари пред да биде соборен на партер и таму работите завршија на познатиот начин за Американецот.

Сирил е дециден дека веднаш се враќа во теретана да работи на себе. Овој пораз го вброи и како прв вистински пораз откако средбата со Френсис Нгану минатиот јануари требаше да ја решат судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО