Симона Заборска (-61 кг) во конкуренција на јуниори до 21 година го освои златниот медал, додека на Дoан Османи и Емануел Ристевски и припаднаа сребрените медал, а со бронзени се закитија Маријана Димоска, Моника Пендароска, Фери Исиќ и Азис Исмаил на Младинскиот куп во Умаг, кој се води и како Светски куп.
Така, вториот ден на Младинскиот куп во Умаг, Хрватска, на Светската карате федерација (ВКФ) беше многу плоден за македонските каратисти.
Заборска (Макпетрол) во финалето ја совлада Марион Есвалд (Австрија) со 4-0. Таа најпрво ја совлада Луис Ханах Нилсон од Шведска 3-0, а во полуфиналето беше подобра од Јелена Зовко (Хрватска) со убедливи 5-0.
Дoан Османи (Фати) во борбата за златниот медал загуби од Аргентинецот Себастиан Олазари со 0-2 во категоријата до 76 килограми во јуниорска конкуренција, при што на тој пат извојува три победи. Во првото коло го совлада Јусуф Мохамед (Кувајт) 3-0, потоа Џоел Хенеси (Австралија) 3-1 и во полуфиналето со 3-1 славеше над Стефан Јоксимовиќ од Словенија.
Богдан Трикос од Србија со 3-2 во финалето го победи Емануел Ристевски (+84 кг) од Макпетрол, кој претходно ги совлада Храватите Анџело Квесиќ со 5-0 и Филип Барач со 1-0.
Маријана Димоска (Ронин) во кати-јуниори во борбата за бронзениот медал беше подобра од Елима Ликсандриу од Австрија победувајќи ја со 4-1. За влез во финалето беше поразена од Маша Симонич (Словенија) со 3-2. Претходните три средби ги доби со 5-0 против: Дорбијах Хинан (Канада), Ања Лончар (Хрватска) и Јоана Хогстрон (Шведска). Додека нејзината сестра Мишела Димоска за третото место загуби од Лиса Пиви од Италија со 0-5.
Фери Исиќ (Вардар),исто така во кати У-21, освои бронзен медал. Исиќ за третото место го совлада Пинг Ју Чиен од Тајпеј со 3-2, а во полуфиналето соистиот резултат беше поразен од Чеунг Ју Хо (Хонг Конг). Тој пред борбата за медал извојува две победи со 4-1 против противници од Кувајт и Австрија.
Во категоријата до 53 кг во јуниори Моника Пендаровска од Макпетрол во борбата за бронзениот медал ја совлада Агнес Бернандина (Италија) 2-2 со судиско изјаснување. Моника во полуфиналето со судиско изјаснување испадна од трката за златниот медал, откако борбата со Алја Махмутовиќ (БиХ) заврши нерешено 0-0. Пендаровска со убедливи 6-1 и 9-0 ги совлада Јоана-Ана Нилсон (Шведска) и Џорџиа Фиданца (Италија).
Азис Исмаил (Металург) преку две борби во репасажот во У-21 во категоријата до 75 килограми дојде до бронзениот медал. Најпрво го совлада Муамер Чатовиќ (БиХ) со 9-0 и во одлучувачката борба со 2-1 славеше против Робин Ретенбахер од Австрија.
По бројот на освоени медали Македонија го дели 10-тото место со Словенија со 1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени. Прва е Хрватска (11-8-14), втора Русија (5-3-7) и трета Босна и Херцеговина (5-3-4).
Ipon.mk/В.Д.