Симона Заборска две секунди ја делеа од борба за бронзениот медал на ЕП

Симона Заборска несреќно е поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ на Европското сениорско карате првенство во Пореч, Хрватска, а со тоа ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија. 

Малото внимание поради тоа што се мислеше дека во претходниот напад нашата каратистка освоила поен, подзастана и пак продолжи. Во обостраната акција судиите и доделија поен на Максимовиќ.

Претходно Симона претходно забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.

Давид Петков е поразен од Грузиецот Лука Хведилијани, додека машкиот ката тим беше петти во својата група и не помина во вториот круг.

Денес преостанува да се борат уште Емил Павлов и Сара Радичевска, како и машкиот и женскиот тим во борби.

На шампионатот ќе настапат 596 натпреварувачи од 47 држави.

Европско првенство сениори – Пореч:

-60 кг
Емил Павлов – Павле Дујаковиќ (Босна и Херцеговина)

-67 кг
Давид Петков – Лука Хведилијани (Грузија) 1-4

-50 кг
Сара Радичевска – Нурана Алијева (Азербејџан)

-55 кг
Симона Заборска – Александра Папа (Грција) 1-0

Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 4-2

Симона Заборска – Ана Чернишева (Русија) 0-8

Репасаж

Симона Заборска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 0-1

Кумите екипно мажи
Македонија – Шпанија

Кумите екипно жени
Македонија – Италија

Ката екипно мажи
Македонија е во група со Хрватска, Азербејџан, Турција, Италија и Португалија

Македонија заврши 5-та во групата со 21,66 поени

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON