Симон Антиќ: Потврда за мојата работа со години е оваа награда!

IMG_1539

Направивме краток разговор со победникот во Карате 1 Премиер лигата во категоријата – 84 килограми, Симон Антиќ, од Карате клубот Макпетрол од Скопје. На сите турнири на Карате 1 Премиер лигата Антиќ имаше најдобар скор во светот и заслужено го доби признанието „Големиот победник“.

Simon Antik na Okinava

Како е чувството на „Големиот победник„ на Карате 1 Премиер лигата?

-Потврда за она што го работам со години е токму оваа награда. Лично сум задоволен од резултатите и борбите што ги имав во Премиер лигата. Секогаш може и повеќе и подобро, па следната година ќе се обидам да го повторам истото.

Колку ти значи тоа што ова се случи токму во лулката на каратето-Окинава?

-Јапонија, поточно Окинава е лулка на каратето. Познати мајстори и светски историски имиња потекнуваат баш од ова место. Друга култура, друг начин на живот, друга димензија. Интересно е чувството, а го доживуваш каратето и како вештина и како спорт.

Што може да очекуваме од Симон Антиќ во 2016 година?

-Во 2015 бев сконцентриран на овие натпреварувања, затоа што 2016 година ќе биде преполна со настапи на европската и светската сцена. Следуваат Светско, Европско и Медитеранско првенство во мојата категорија. Во 2016 година ќе биде богата со настани. Секако, Премиер лигата нема да ја изоставам, ќе биде предизвик да го повторам резултатот.

Simon Antik so znameto vo Okinava

Голема благодарност до Клубот Макпетрол и мојот тренер Бошко Заборски кои ми овозможија да бидам присутен на светската карате сцена и имаа доверба во мене, која, ете, јас успеав да ја оправдам.  Благодарност и до кондициониот тренер Златко Јанакиевски.
Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON