Бразилската ММА легенда Вондерлеј Силва смета дека Чаел Сонен е фаворит на турнирот на Белатор во тешка категорија. Според него, скандалозниот Американец ќе ја порази руската легенда Федор Емилијаненко.
The greatest HWT ever and FEDOR. pic.twitter.com/muGRaFB9RO
— Chael Sonnen (@ChaelSonnen) April 29, 2018
„Сонен ќе биде изненадувањето на турнирот на Белатор. Имаше многу добар меч со Квингтон Џексон – Рампејџ. Должен е да ја користи ваквата борба и во следната средба, а и во текот на целиот турнир. Има сили да победи. Успешно се бори, кога го користи сопствениот стил“, вели Силва.
Сонен беше сметан за аутсајдер. Долги години се натпреваруваше во средина категорија, но постепено ја креваше килажата.
.