Легендарниот бразилски борец Вондерлеј Силва бесен е на Конор Мек Грегор. На новиот актуелнет шампион најмногу му забележува на коментарите за Исус, кои ирскиот борец ги изнесе пред мечот со Хозе Алдо.
Се чини дека кај еден од најпопуларните борци на сите времиња, нокаутот на Мек Грегор, со кој за само 13 секунди ја презеде власта во перолесна категорија, беше капка што ја прелеа чашата, а тој се почувствува должен да го прозива Ирецот поради несоодветните коментарите што ги даде во интервју за TMZ во пресрет на најочуваниот меч на годината.
„Ќе ја критикуваме оваа организација ако на Алдо веднаш не му овозможи реванш. Сите видоа дека се работи за случајност, овој серко имаше среќа. Кога ќе го сретнам, ќе го исшалакам заради се што рече за Исус. Ме можеш да го правиш тоа. Не може да си играш со нашиот Бог. Кога ќе се видиме, крени ги рацете, бидејќи ќе добие шлаканица“, порача Силва.
Семоќниот Мек Грегор: Ма, би го претепал и Исус!
Да потсетиме, Ирецот пред мечот за обединување на титулата во перолесна категорија во интервју за американските медиуми изјави дека ќе го претепа Исус доколку тие двајцата би с енашле во октагонот.