Светски познатата ММА ѕвезда Хабиб Нурмагомедов и популарниот холивудски актер Чак Норис ги здружуваат силите во заедничката боречка иницијатива. Тие ќе бидат дел од првиот Меѓународен онлјан форум за боречките вештини, организиран од Руската унија за боречки вештини.
Семинарот ќе се одржи во сабота на 12 септември. Во него ќе учествуваат руски и странски експерти од областа на боречките вештини и уметности, кои ќе го споделат своето искуство со учесниците. Предвидени се и демонстративни настапи на водечки спортисти за да се запознае публиката со новите и актуелни трендови во боречките вештини.
„Сигурен сум дека форумот ќе стане ефективна платформа за лансирање нови, интересни идеи и проекти насочени кон промовирање на спортот кај претставници од различни генерации“, рече рускиот министер за спорт, проф. Олег Митицин.
Чак Норис беше најавен како главна личност на семинарот. Боречките вештини не му се туѓи. Тој е шесткратен светски шампион во карате. Актуелниот светски шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е уште еден водечки инструктор.
Целите на форумот се промовирање на боречки вештини, презентирање на индивидуални спортови и вештини, учество на етаблирани мајстори на боречки вештини, мотивација и инспирација за млади и нови борци, зголемување на знаењето и вештините во боречките вештини.
Македонците исто така можат да се приклучат на форумот. Повеќе детали ОВДЕ.
Форумот ќе се одржи на Интернет и ќе обедини учесници од целиот свет. Секој гледач ќе може да се поврзе со ВО broadcastИВО преносот, без разлика каде се наоѓа. На учесниците ќе им се даде можност да се префрлат меѓу индивидуалните панели и да изберат дискусии и говори што ги интересираат.