Штерјов и Хјадари се петти на ЕП, но на Стефан медалот несреќно му изгеба од раце, Аид Салихаси ќе жали (ВИДЕО)

Стефан Штерјов и Реџеп Хајдари ги освоија петите места на Европското првенство за кадети во Фиренца, Италија.

Од нашиот табор истакнуваат дека Стефан е морален победник. Го дал последниот атом од силата, но среќата не била на негова страна. Исто така и Хајдари со сите сили се трудеше да  дојде до борнзата, но противникот беше пресилен, а Аид Салихаси е трагичар на денот, затоа што на 4 секунди до крајот ја изгуби борбата. Аид водеше 2-0 и на крајот не успеа да се одбрани од нападот на противникот кој ја заврши акцијата со истекот на времето, со што освои 4 поени. Салихаси го освои осмото место.

Стефан Штерјов во борбата за бронзен медал е поразен од Микита Беразун (Белорусија) со резултат 2-4. Во првата рунда Стефан поведе со 2-0, за во следната акција Микита да израмни на 2-2, со што беше во предност, бидејќи втор освојува поени. Во втората рунда која трае 2 минути, Микита е во пасивност 90 секунди, на што реагираа нашите тренери, но судиите не досудија пасивност. Во последните 30 секунди Стефан тргна во акција на „се или ништо“, притоа противникот во контраакција освојува уште 2 поени, па така борбата завршува со конечен резултат 2-4.

Противникот на Стефан во полуфиналето Н.Сантеладзе (Грузија) го освои златниот медал, победувајќи ги убедливо своите противници со разлика од над 10 поени,

„Стефан беше поразен со резултат 6-0, укажувајќи дека е голем талент и во наредните натпреварувања треба да очекуваме и медали. Во конечен пласман во категорија до 45 кг Стефан Штерјов го освои 5-то место од 14 борачи“, истакнуваат од матичниот клуб на Штерјов, Балканец.

Македонија на ова ЕП освои еден златен медал, тоа е Бесир Алили, и две петти места.
Резултати
48 кг
Бесир Алили – Оскар Кулчицки (Полска) 10-0 (ТТ)
Бесир Алили – Андреј Витан (Молдавија) 12-10
Бесир Алили – Лука Гугешашвили (Грузија) 6-2
Финале
Бесир Алили – Хартујун Ховханнсијан (Молдавија) 7-6

65 кг
Арсим Бекири – Александар Хулник (Белорусија) 3-10

45 кг
Стефан Штерјов – Артиом Цветков (Литванија) 10-2 (туш)
Полуфинале
Стефан Штерјов – Нилози Сантеладѕе (Грузија) 0-6
За бронза
Стефан Штерјов – Микита Беразун (Белорусија) 2-4

51 кг
Аид Салихаси – Аксели Еркола (Финска) 10-0 (тт)
Аид Салихаси – Микита Абрамов (Украина) 1-11 (тт)
Репасаж
Аид Салихаси – Илја Рахозау (Белорусија) 2-5

92 кг
Реџеп Хајдари – Дмитри Дусков (Молдавија) 11-1 (тт)
Реџеп Хајдари – Флип Вишниевски (Полска) 8-3
Полуфинале
Реџеп Хајдари – Лјова Геворгјан (Ерменија) 0-10
За бронза
Реџеп Хајдари –  Сагадула Агаев (Азербејџан) 2-15 (тт)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON