Шотокан академијата Македонија составена Јошитака и Мак центар од Скопје, Ронин доџо – Куманово, Гемиџии Велес и Полог – Гостивар беше најуспешна на Меѓународниот карате турнир „Иппон куп“ во Лесковац – Србија.
Организаторот направи една поинаква листа на успешност – според клубовите. Ви ги нудиме листите на освоени медали и пријавите за да имате целосен увид.
Академијата е најмасовна екипа на турниропт „Иппон куп 2016“, најуспешна во ката натпреварите со 15 златни 6 сребрени и 11 бронзани медали. Матео Причков е најуспешен натпреварувач во кати со 3 златни медали и во генерален пласман го освои 2-то место.
Ipon.mk/В.Д.