Меѓународна сценаММА

Шон Стрикленд: Јас сум единствениот што може да го победи Хамзат Чимаев

Поранешниот шампион го доведува во прашање статусот на непоразениот Чеченец

34-годишниот американски борец и поранешен шампион во средна категорија на УФЦ, Шон Стрикленд, проговори за можна борба со актуелниот носител на појасот и непоразен борец Хамзат Чимаев.

„Тоа би била огромна борба. Мислам дека веројатно сум единствениот што може да го победи Чимаев. Искрено, мислам дека Флафи е подобар борец од него. Во рок од пет рунди, Флафи е посилен борец од Чимаев. Чудно е што направи УФЦ со него – доведоа човек кој се бори еднаш годишно, а дури и не треба да се бори“, рече Стрикленд на Јутјуб каналот ЕСПН ММА.

Не е прв пат Американецот да изрази увереност дека неговиот стил би предизвикал сериозни проблеми за чеченскиот шампион, а потенцијалниот судир меѓу двајцата се појавува како еден од најинтригантните во средна категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON