Шон Портер забележа победа во 9-тата рунда против Андре Берто и стана официјален предизвикувач на Кит Труман во полусредна категорија на ВБЦ.
Со убедливата победа Портер најверојатно ќе заслужи реванш со Труман, од кого загуби минатиот јуни.
Уште на почетокот битката беше тешка и за двајцата. Портер ги пробиваше нападите на Берто, нанесувајќи му многу удари од близу. Дури иа ја повреди аркадата при еден судир со главите, а потоа и другата за две рунди подоцна.
Берто беше нестабилен во деветата рунда по ударот со глава, кога успеа Портер да го прати во нокдаун. Берто се исправи, но Портер продолжи да нанесува удари и судијата Марк Нелсон ја прекина средбата.