Шон О’Мели делеше пари по улиците на САД (ВИДЕО)

Шон О’Мели неодамна беше во празнично расположение и реши да и се заблагодари на јавноста за успешната година. „Шугар“ отиде во локалниот Волмарт за да им подари 100 долари на случајни купувачи кои минуваа.

О’Мели се пофалил дека има илјадници долари и сакал да им помогне на луѓето кои имаат потреба за празниците. Луѓето кои ги добија парите беа многу благодарни, а оние кои ја препознаа ѕвездата на УФЦ ја искористија можноста да се сликаат со него.

Една жена му ја зеде раката на О’Мели и се помоли тој да и покаже благодарност за она што го прави. Шон има скршеница на палецот по новата победата минатиот месец над Раулијан Паива.

Шон зеде нов бонус од 50.000 долари и заработи 150.000 долари оваа година само од бонуси. Имаше 3 последователни победи со нокаут. О’Мели доби критики од Марлон Вера, кој му го одзеде статусот на непоразен во 2020 година.

Вера на социјалните мрежи напиша дека Шон е срање и не му треба камера за да им помага на луѓето.

Видео од распределбата на парите:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON