Шон О’Мели: Едноставно сум премногу добар, а сега сакам меч против Чито Вера

Американскиот борец Шон О’Мели е новиот шампион во бантам категорија, откако го победи Алџамејн Стерлинг со прекин во втората рунда на настанот УФЦ 292 во Бостон.

За Шугар Шон тоа беше 17 победа во кариерата и петти триумф во низа (натпреварот против Педро Муњоз беше поништен).

„Никогаш не сум бил понервозен како пред овој меч. Алџамејн Стерлинг е најдобрата бантам категорија во историјата. Да, бев малку нервозен, но никогаш не ја изгубив довербата. Знам што имам во десната рака“, изјави Шон О’Мели откако го доби златниот појас околу половината.

И откако го гледаше ударот со кој го скрши Стерлинг на големиот екран на салата „ТД Гарден“, Шугар Шон изјави дека против него е доволна само една грешка на противникот.

„Не знам дали ова беше грешка, едноставно сум премногу добар. Ова е почеток на ерата на Шугар и ќе трае до 2035 година“, рече Шон О’Мели и праша дали победи Чито Вера:

„Дали беше досаден? Веројатно. Сакам меч против Чито Вера во декември во Т-Мобиле арената во Лас Вегас. Да одиме“!

Марлон Вера и Педро Муњоз понудија голема борба на отворањето на главната програма.

Еквадорецот беше поуспешен и со едногласна одлука на судиите го совлада Муњоз. Тоа беше 21-ва победа за Чита во кариерата и прва по поразот од Кори Сандхаген.

Чито го победи Шугар Шон со прекин во првата рунда во август 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON