ШОКАНТНО: Трудница освоила титула во ММА!

kinberly-novaes
Кинберли Новаес

ММА светот е шокиран од веста за бремената жена борец, која не само што имала борба, туку притоа и славела, освојувајќи ја шампионската титулата на Нокс промоцијата.

 Се работи за Кинберли Новаес која за појасот сламка категоријата одлучуваше со противничката Рената Балдан. Средбата траеше 25 минути, по што судиите и доделија победа на Кимберли. Дури по борбата откри дека веќе 3 месеци била бремена, или 12 недели.

 „Минатата недела направивме контрола со ултразвук и лекарот потврди дека сум бремена 24 недели, речиси 6 месеци. Детето е жив и здраво“, изјави во борецот за ММА фајтинг и додаде:

 „Малку сум тврдоглава и не сакам да одам кај лекари. Ми беше лошо, апатична, имав главоболка и грчеви. Во последно време бев уморна, не можев да трчам, а јас верував дека се работи за кинење телесната тежина. Симнуивав килажа за дебито во РФА промоција, но не успеав. Иако држев диета, за неколку недели, всушност, јас добив на тежина, наместо за намалувам. Бев очајна. Стомакот ми беше тврд,па заклучив дека имам проблем со варењето на храната. Зедов лаксативи … На крајот, мојот физиотерапевт ме препорача да одам на лекар“.

 Одговорноста за неодговорното однесување на борецот ја презеде челнокот на Нокс промоција, Бруно Барош.

 „Не барав тест. Искрено, тоа е до мене. Дури и не мислев дека постои шанса жена да се бори бремена, односно да го помине целиот тренажен процес, симнување килажа и се друго …“, призна Барош.

Наскоро Кимберли ќе стане мајка, а она што е сигурно е дека некое време нема да ја брани титулата. ММА карирерата ќе почека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON