Конор Мек Грегор пак ја шокира светската јавност – неочекувано најави дека решил да ја заврши својата кариера. Ирецот важи за најпопуларен член на УФЦ, а го имаше најавено и вториот меч со Нејт Диаз на 9. јули.
Мек Грегор преку својот профил на Твитер го најави пензионирањето и предизвика бура реакции, иако дел од медиумите и фановите се сомневаат во тоа дека се работи за обична шега и дека Мек Грегор наскоро ќе го потврди тоа. Посебно што вчера тој објави фотографија објаснувајќи дека е во Исланд и дека се подготвува за реваншот со Дијаз од кого го доживеа првиот УФЦ пораз минатиот месец.
I have decided to retire young. Thanks for the cheese. Catch ya’s later.