Македонија повторно рамо до рамо со вљубениците и практиканти во Будо културата. Имено, на 2 jануари истовремено со Јапонската aсоцијација за калиграфија, во контекст на церемонијалната шодо традицијата во Јапонија, Шодо Бунка Јамамори, огранок на Таиџишинкан, ја направија својата прва калиграфија за почеток на годината – Какизоме.
Овој настан го практикуваат централно во Јапонија и оваа година, каде за таа цел беше спремна конгресната сала во Осака, при што и претседателот на оваа организација со своја честитка се обрати. Настан кој е дел од својата нераскинлива традиција, но и во многу земји каде што оваа култура и вештина се негува.
Во Македонија веќе една година под менторство на Анџело Бонано Шихан во Таиџишинкан, а во координација со Горјанин сенсеи, делува и се обучува и првата класа Шодока на оваа изворна јапонска вештина.
За овој настан по препорака на Бонано Шихан сите учесници го отсликаа симболот Реива, кој воедно ја означува и новата ера во Јапонија.
Во просториите на Јамамори доџо беше предводена од џуншихан Горјанин, додека онлајн учество зедоа сите практиканти на оваа група.
„Шодо (јапонската калиграфија) е повеќе од само Патот на четката.
Тоа е процес, но и начин на разбирање и самоспознавање во најголема мерка, а воедно делото ги претставува физички, а и одразува менталните способности и состојба кај практикантот (Шодока).
Среќни нови светлосни денови во оваа нова ера“, ќе заврши и подвлече Иванчо Горјанин сенсеи.
Ipon.mk