Шмапионот Чагаев ја прекинува кариерата

Cagaev go drzi pojasot

Поранешниот светски шампион на Светската боксерска асоцијација (ВБА/WBA) Руслан Чагаев ја прекина професионална кариера, објави неговиот менаџер Тимур Дугазаев.

37-годишниот Узбекистанец има проблем со очите и не може да продолжи да боксира.

„Руслан ми кажа дека повеќе нема да боксира. Причината е поврзана со проблемите што ги има со очите. Здравјето е најважно од сè“, коментира Дугазаев.

На Чагаев му беше одземен шампионскиот појас на ВБА откако одби да ја брани титулата против Порториканецот Фрес Окендо.

Во 2001 година тој беше подложен на операција поради одлепување на ретината на левото око.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON