Борачкиот клуб Шкупи е еден од најмладите во нашата земја, а го предводи поранешниот репрезентативец Јасин Реџелари, кој е дипломиран професор по физичка кулутура, а му помага Бунјамин Ебипи.
Вчера борачите на Шкупи, кои поради техничките процедури за прием во Боречката федерација на РСМ, настапуваат за БК Чаир, на Државното првенство за пионери освоија два медала – Мустафа Салиу во категорија до 52кг и Семи Азизи (57 кг) се закитија со сребра, додека Лавдрим Заими е петти во категорија до 48кг.
„Нашата цел е децата да стојат што подалеку од улици, да ги воспитуваме да ги дружиме“, вели Јасин Реџелари и додава:
„Потоа да постигнуваме добри и врвни резултати, кои ги постигнале боречките легенди Шабан Сејди, Шабан Трстена, Абдула Мемети, Зоран Шоров“.
Првиот човек на Шкупи објаснува зашто нивните борачи настапуваат за друг клуб.
„Оваа година настапуваме за друг клуб бидејќи сега само што го земавме решението од Централен регистар. Чекаме да не примат во Федерација. Од другата година ќе настапуваме за нашиот клуб“, вели Реџелари.
Тој објаснува дека учествувале на неколку турнири, како „8 Септември“ во Скопје каде што освоиле 2 медала, потоа на „Радовишки боречки легенди“ – освоиле 6 медали, а на „13 Новември“ во Скопје се закитиле со 9 медали, на „Штипски бортечки асови“ тројца борачи се врстиле со медали.
На Изборните и Државните првство за кадети и пионери Убејд Фуга е прв на Државното првентво за кадети до 45 кг; Рамазан Хасич 2 место на Изборното за пионери до 38 кг.