Клариса Шилдс (10-0, 2 КО) во рекорден број борби ја освои светската титула во три тежински категории.
24-годишната Американка во својата десета професионална борба во Атлантик Сити ги освои испразните титули на ВБО и ВБЦ во супервелетер победувајќи ја Хрватката Ивана Хабазин (20-4, 7 КО) со едногласна одлука на судиите по 10 рунди – 99-89, 100-90, 100-89 .
Хрватската боксерка прва напаѓаше во првите две рунди, но двократната олимписка победничка со преден директ добро ја контролираше бробата и потоа нападна со удари во телото.
Од третата рунда Шилдс почнува да прави поголема разлика. Хабазин ја почна четвртата влегувајќи во блиска борба што и донесе успех на почетокот, но до крајот на рундата се најде во подредена ситуација.
Хабазин прави притисок и во првиот дел од 5-тата рунда, но втората минута од борбата повторно и припаѓа на Американката.
Шилдс продолжија со напади во телото и по 70 секунди од 6-та рунда, Хабазин мораше да се спушти на колено и да земе броење за да се опорави.
Хабазин продолжи да се бори и во 7-та и ја притисна противничката до јажињата, но повторно Шилдс одговори силно.
Иако ги загуби преостанатите 3 рунди Хабазин беше физички добро подготвена, се бореше до последната секунда и пружи отпор на подобра противникчка кој на крајот со рекорден број борби дојде до титулата светски шампион во трета тежинска категорија.
Во машка конкуренција рекордерите Васил Ломаченко и Косеи Танака станаа светски шампиони во три тежински категории во 12-та борба.