Клариса Шилдс и Кристина Хамер во сабота ќе се борат за владетелка со светот на женскиот бокс во Атлантик Сити.
Непоразените боксерки тврдат дека се најголемите во историјата на боксот.
Шилдс ги поседува појасите во ВБА, ВБЦ и во ИБФ полутешка категорија и сега го напаѓа трофејот на Хамер во ВБО за обединување на сите титули.
„Победата ќе покаже дека јас сум најдобрата во историјата. И не го велам ова само за да се фалам, за да бидеш најдобра треба да имаш направено големи работи“, изјави Шилдс.
Американката, која е освојувач на олимпиското злато од Игрите во Лондон и во Рио, ќе се обиде да остане непоразена и во деветата професионална борба и да докаже дека е суверена шампионка.
Хамер титулата во ВБО ја поседува од 2017 година.