Пионерските репрезентативци од редовите на Џудо клубот Дрим од Струга отпатуваа на престижниот Меѓународен турнир „Куп Јадрана“, што ќе се оддржи на 18 јуни во Сплит, Хрватска.
Екипата ја предводат од тренерот Ѓорѓија Стојанов и неговиот асистен Марин Биљаноски.
„Toa за нив ќе биде и последен тест за нивната подготвеност пред предстојното Балканско првенство во Скопје на 24-26 јуни. Репрезентативците од редовите на Дрим по натпреварот во Сплит ќе останат на тродневен тренинг камп, каде што со џудистите од останатите земји од Европа ќе тренираат заедно, за да можат подобро да се подготват, се со цел постигнување на највисоки успеси на Балканското првенство“, вели тренерот на Ѓорѓија Стојанов, додавајќи дека презадоволен и горд на своите џудисти, бидејќи во 10-те тежински категории дури шест во репрезентацијата се за неговите ученици.
Ipon.mk/В.Д.