Шест медали за Осенсеи на „Марибор опен 2017“ (ФОТО)

На Меѓународниот џиу џицу турнир „Марибор опен 2017“ во Словенија екипата на Осенсеи од Штип освоија шест медали – 2 златни, 1 сребрен и 3 бронзени. Овој турнир важи за еден од посилните во Европа.

Златни медали освоија Дени Николовски и Ева Димитрова, сребрен Станислав Грпов, а со бронзени Ивана Василевска, Александар Илиевски и Кристијан Костов, сите во кадетска конкуренција. Без медали останаа Вангел Белташев и Мартина Митева.

Во склоп на турнирот се одржа  и второто и последно коло во Јадранската лига во џиу џицу на кој настапија четири екипи од поранешните ју-простори. Екипата на Осенсеи го освои 4-тото место со една победа во првото коло над Панда од Херцег Нови – Црна Гора. Прва е екипата на Алeксинац, пред Панда од Херцег Нови, Марибор и Осенсеи.

Можеби штипјани ќе постигнеа подобри резултати ако настапеја комплетни во сите шест категории. Осенсеи настапи само со тројца натпреварувачи, од кои двајца забележаа по две победи, Виктор Велинов и Кристијан Костов, а во екипата беше и Александар Илиевски.

Според информациите од Осенсеи, од опавдани причини за Марибор не отпатувале тројца натпреварувачи, поради што клубот ги губеше средбите со службен резултат.
Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON