На Меѓународниот турнир „Сакура“ во Катерини, Грција, Џудо клубот Миоки освои 6 медали – 1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени.
Во конкуренција на У-8 Марија Кузмановска го освои првото место, Петар Давчев 3-тото место.
Во У-10 Марија Кузмановска сребрен медал, Сара Давчева бронзен. У-6 Емилија Паскоска сребро. Во најсиланата конкуренција У-18, Хамза Јашари го освои сребрениот медал со три победи и еден пораз.
Марија Кузмановска имаше четири победи.
На натпреварот учествуваа над 600 џудисти
Ipon.mk/В.Д.