Шест медали за Макпетрол на „Златен појас на Чачак“ (ФОТО)

Каратистите на Макпетрол освоија 6 медали – 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени на силниот Меѓународен турнир „Златен појас на Чачак“ во Србија, а Јована Мицовска го освои „Златниот појас на Чачак“.

Мицовска во категоријата – 59 кг во јуниорска конкуренција со четири брилијантни победи стигна до финалето и да го освои златниот медал. И Стефан Стојановиќ се закити со златен медал во категоријата +84 кг кај постарите јуниори (У-21).

Сребрените медали ги освоија Марија Петровска и Данило Божовиќ, додека сениорките Сара Радичевска (-50 кг) и Моника Пендаровска (-61 кг) освоија бронзени медали.

На турнирот учествуваа вкупно 111 клуба од 14 држави, дополнително беа присутни и нивните  национални репрезентации.

Макпетрол настапи на силниот турнир по покана од страна на претседателот на Српскиот карате сојуз, Славољуб Пипер, кој е и организатор на овој турнир.

Инаку Макпетрол настапи со 13 спортисти во машка и женска конкуренција во дисциплината борби.

Поставена цел, да се направи уште една контрола во периодизацијата за темпирање на спортската форма на каратистите, истакнуваат од клубот и додаваат дека настапите се пред претстојните европски првенства кои треба да се одржат во Турција за сениори и во Прага, Чешка, за кадети, јуниори и У-21.

„На овој силен натпревар заминавме со вкупно 13 спортисти. Турнирот е најсилен регионален турнир, посебно за балканскиот простор и тоа првенствено во сениорска и младинска конкуренција. Учеството на националните репрезентации од 14 држави само по себе говори, дека имаше извонредно квалитетна конкуренција. Ние успеавме да освоиме вкупно 6 (шест) медали, а куриозитет е тоа што вториот ден на генералната листа на клубови по број на освоени медали го освоивме третото место.

Освоени се вкупно 6 медали од кои 2 (два) златни медали, 2 (две) сребрени и 2 (бронзени) медали“, изјави тренерот Петар Заборски и додаде:

„Златниот појас на Чачак го освои каратистката Јована Мицовска во категоријата – 59 кг во јуниорска конкуренција. Таа со четири брилијантни победи успеа да стигне до финалето и да го освои златниот медал. Веднаш потоа нашиот најдобар младински репрезентативец, актуелниот европски првак, Стефан Стојановиќ се закити со златниот медал во категоријата +84 кг кај постарите јуниори (У21). Сребрените медали ги освоија Марија Петровска и Данило Божовиќ, додека  Сара Радичевска е бронзена медалистка во сениорска конкуренција  -50 кг и Моника Пендаровска (-61 кг) освои бронзен медал, исто така во сениорска конкуренција“.

Каратиситите на Макпетрол имаа забележителен настап пред две недели на турнирот Гранд при Сараево. Таму освоија 8 медали. Исто така, претходно имаа забележителен настап на Гранд при Кроација во Самобор со три медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON