Македонските џудисти имаа забележителен настап на Европскиот куп за кадети во Анталија, Турција. Еди Шерифовски во вкупниот пласман е пети, загуби во борбата за медал, додека Хамза Јашари со 2 победи и 2 порази е девети.
Шерифовски (-73 кг) најпрво со еден вазари го победи Адил Миразев од Киргистан, потоа згауби од Мухамет Коџ од Турција со ипон и вазари. Потоа во репасажот победи двајца Азербејџанци, Ариф Бабајев и Парвиз Бајрамов со ипон и со вазари, а во одлучувачката борба за бронзата загуби од Гулхерме Шмид од Бразил со вазари.
Јашари (-60 кг) во првото коло го совлада Тургум Новрузов од Азербејџан со ипон и два взари спрема еден вазари, па Баужибал Салмат Улу од Киргистан со еден вазари, за во третиот настап да биде поразен од Вилијан Лима од Бразил со два вазрија. Во репасажот нашиот џудист е поразен од Азербејџанецот рашид Мамадлијев со еден вазари.
Ipon.mk/В.Д.