„Македонскиот репрезентативец во џудо и член на џудо клубот „Иппон“ од Скопје, 21- годишниот Еди Шеривоски испиша златна страница во македонската историја на овој спорт. На Европскиот шампионат, кој во моментов се одржува во Софија, Шерифовски во првото коло во категоријата до 81 килограм, ја оствари првата сениорска победа на еден наш џудист на Европско првенство воопшто“, вели селекторот Горан Мицкоски и додава:
„Шерифовски го совлада фаворизираниот Михаил Латишев од Молдавија, за да во второто коло поради очигледна судиска одлука Шерифовски е дисквалификуван во борбата со Лашан Мурхед од В. Британија.
„Секако дека сум презадоволен со настапот. Верував во себе и оваа победа е плод на мојата макотрпна работа сиот овој период. Не е толку важно што се случи во втората борба, допрва следуваат мечеви за мене во кои ќе го покажам својот квалитет. Благорадност до сите кои досега работеле со мене, клубот, репрезентацијата, тренерите, и ветувам дека допрва следува најдоброто од Еди Шерифовски“, изјави Еди Шерифовски за Ипон и нагласи:
„Два доминантни настапи, но судиите решија да ме дисквалификуваат поради „забранет“ потег (нуркање на глава/ diving) додека го фрлав вториот противник.
Ова е добар знак дека сум на добар и перспективен пат. Се ќе си дојде на свое место. Не застануваме тука“!