Шенон Бригс ќе се бори за титулата на ВБА со Оквендо

Сепак, ќе се одржи дуелот меѓу Шенон Бригс и Фрес Оквендо за титулата во тешка категорија на ВБА.

Тоа го потврди извршниот директор на Сквер ринг промоушнс, Џон Вирт.

„Тоа беше долг процес и тешки преговори, но златните вести се дека Фрес конечно ќе има шанса да ја освои титулата на ВБА во тешка категорија. И благодарам на сите од ВБА за оваа можност. Фрес е во фантастична форма и е фокусиран да го освои појасот. Го гледав на спаринг и изгледаше одлично. Неговата подготвка е уникатна и предвидувам одличен дуел“, се довери Вирт.

Фрес Оквендо не се борел од јули 2014 година, кога загуби со судиски одлука од Руслан Чагаев.

Шенон Бригс е во серија од 9 последователни победи, откако се врати на рингот во 2014 година. Ривали му беа со пониско ниво.

Титулата на ВБА е испразнета откако Тајсон Фјури минатата година се откажа од сите појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON