Шенон Бригс ја постигна 50-та победа со нокаут

shanon-briggs-pressПоранешниот светски шампион во тешка категорија во верзијата Светска боксерска организација (WBO), Шенoн Бригс од САД, ја постигна 50-та професионална победа со нокаут.

 Ветеранот (42 години) го совлада својот сонародник Ричард Кармак уште во првата рунда во Лула, Мисисипи.

 Бригс ја продолжи кариерата пролетта по 3,5 годишен прекин и веќе забележа шест победи во шест средби .

 Американецот ја освои титулата на WBO во тешка категорија во ноември 2006 година, но осум месеци подоцна го загуби шампионскиот појас од Русинот Султан Ибрахимов. Како професионалец, тој има 57 победи, 6 порази и 1 нерешен меч. Боксерот неодамна стана познат по досадувањето на Владимир Кличко. Американецот на неколку пати го предизвика светскиот шампион. Еднаш во една установа , а неговото последно задевање беше на тренингот на Кличко, кога предизвика големи бранови во езерото, каде што се подготвуваше украинскиот боксер, сурфајќи на даска, по што боксерот од Украина падна во водата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON