Шенон Бригс алијас „Let’s go, champ“ – позитивен на допинг тестот

Најегзотичниот боксер во тешка категорија, Шенон Бригс, е позитивен на допинг тестот, соопшти ЕСПН. 45-годишниот ветеран имал зголемени ниво на тестостерон. Тој требаше да се бори со Фрес Оквендо на 3 јуни за титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА).

Се уште не е јасно дали Бригс ќе побара испитување на „Б“ примерок. Во овој момент средбата нема да се одржи, а двете страни одбија да ја коментираат ситуацијата.

Шенон Бригс се врати во рингот во април 2014-та. Забележа девет победи, од кои осум со нокаут. Поранешниот светски шампион се прослави со прогонувањето на Владимир Кличко низ целиот свет во обид да си обезбеди меч со него. Озлогласената фраза „Let’s go, champ“ стана заштитен знак на Бригс, кој започна да продава дресови и капи со предметниот натпис.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON