Група арапски шеици се подготвени да платат огромна сума пари, за даго организираат така посакуваниот меч помеѓу непоразениот шампион, Флојд Мејведер Јуниор, и филипинската ѕвезда Мани Пакијао.
Абар Мохамед, кој е еден од лидерите на групата, изјави дека се подготвени да дадат 200 милиони долари за хонорарите на двајцата боксери.
„Подготвени сме да дадеме 200 милиони долари за овој меч. Сакаме да бидеме дел од овој историски настан. Сакам да ја видам оваа средба . Ќе направиме сè што е потребно и ви гарантирам дека овој настан ќе биде најголемиот во светот“.
Тоа не е воопшто мала сума, дури и за добро платен спортист како Флојд, на кого парите му се сллабост, додека филипинецот не е толку воодушевен од нив.