Брендан Шауб верува дека Конор Мек Грегор веројатно е заинтересиран за мечот против Флојд Мејведер и во голема мера тоа се должи на хнорарот кој би можел да легне на неговата сметка.
Шауб ситуацијата ја коментираше во рамките на својот подкаст „The Fighter and The Kid“, а тој смета дека Ирецот во овој случај има добра стартна позиција во преговорите.
„Флојд е оној кој почна со гласините за овој меч. Конор не го бараше тоа, но Флојд го предизвика. Тоа доволно говори за тоа колкава ѕвезда е Конор Мек Грегор“, изјави Шауб.
Шауб дури верува дека овој меч може да го продаде повеќе преноси отколку оној меѓу Мејведер и Пакијао, кој го купија 4,6 милиони луѓе во САД, а меѓу борците се поделени 400 милиони долари. Шауб дошол до информација дека Конор е подготвен да прифати борба за половина од тие пари.
„Зборуваме за надомест од 200 милиони долари. За борба против некој со 67 килограми. Ннајлошото што може да се случи. Кажи ми кое било име, па ќе се борам против десетмина за 200 милиони. А потоа, како и да поминам, Конор може да се врати во ММА и да доминира. Би бил уште поголема ѕвезда. Што се однесува до Дана Вајт, без сомнение би му го овозможил овој излет, бидејќи ММА ќе добие уште повеќе на популарност“, е неговото мислење.