Поранешниот боксер Брендан Шауб смета дека борбата меѓу Флојд Мејведер и Теншин Насукава e наместена.
Да потсетиме, Мејведер по брза постапка го победи јапонскиот кикбоксер Насукава во егзибициски меч, и на неверојатно лесен начин заработи девет милиони долари. Во борбата која траеше 139 секунди, Мејведер трипати го прати Насукава на подот.
„Јас на Флојд гледам како на еден од најголемите бизнисмени во светот на боречките спортови, но, искрено ваква глума немам видено ниту во порно филмовите, класична „местенка“. Теншин е слаб актер, потребни му се часови по глума. Мислам дека сето ова беше лажно, но на кого му е гајле за тоа. Мејведер си ќари девет милиони долари“, истакна Шауб.
.